Нејмар домаќин на петдневна забава со 500 лица
Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар организира масовна петдневна забава во Бразил. Дваесет и осумгодишниот Бразилец покани 500 луѓе на приватната журка до Нова година, и покрај пандемијата на коронавирусот, обелодени „О Глобо“.
Настанот почна на 26 декември во општината Мангаратиба, Рио де Жанеиро, во домот на фудбалер.
Нејмар направи звучна изолација во куќата за да не ги вознемирува соседите. Забавата ќе се одржи во подземна дискотека, изградена по примерот на оние на плажата „Барселонета“, каде што беше и самиот Нејмар, кога играше за Барселона. Има подиум за танцување, барови, диџејска сцена, соба за игри и просторија за видеоигри.
За да спречи протекување на информации за забавата на социјалните мрежи и медиумите, Нејмар воведе забрана за употреба на мобилни телефони за гости.
Напаѓачот изнајмил и соседна куќа за околу 5.000 евра, како и бенд да свири на забавата.
Ново на Сител
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња