Македонија
24. December 2020 - 10:44

Заев за „црниот понеделник“: Слободата и демократијата немаат цена

Слободата и демократијата немаат цена. Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија, пратениците и Собранието под удар на режимската репресија, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев по повод настаните во Собранието на 24 декември 2012 година, познати како „црн понеделник“.

-24 декември, црниот понеделник е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Таквиот однос кулминираше години подоцна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието, објави Заев.

Додава дека денес, осум години подоцна многу работи се променети во нашата татковина и дека Собранието денес е дом каде царува дебатата, а не насилството.

-Ја живееме слободата. Новинарите слободно и независно известуваат, пратениците слободно работат, без страв од упади и насилни исфрлања. Редот, правдата и дисциплината се нови вредности, истакнува Заев.

Во својата објава додава дека денес, кога живееме во слобода, во демократија и еднаквост испраќаме порака, датумите како 24 декември да останат врежани во колективната свест, за да потсетуваат на погрешното.

-Никогаш да не се заборави црниот понеделник и да не се повтори. Режим – никогаш повеќе!, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Слободата и демократијата немаат цена. Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија,...

Posted by Zoran Zaev on Wednesday, December 23, 2020