Зголемена радијација во нуклеарна централа во Финска
Финското тело за нуклеарна безбедност СТУК објави дека нивото на зрачење во нуклеарната единица „Олкилуото 2“ на западот на земјата се зголемило околу 13 часот.
Исто така се наведува дека немало протекување на радијација и дека ситуацијата е под контрола.
„Ова е значаен и исклучителен инцидент и веруваме дека е многу важно да се обезбедат точни информации за настанот“, изјави пред новинарите финската министерка за социјални работи и здравство Ајино Кајиса Пеконен, пренесе „Ројтерс“.
Јармо Танхуа, извршен директор на операторот на нуклеарната централа ТВО, рече дека инцидентот е необичен настан во историјата на објектот.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес соопшти дека Финската управа за радијација и нуклеарна безбедност (СТУК) информирала за настанот во блокот 2 на нуклеарната централа „Олкилуото“.
Во нуклеарната централа измерни биле зголемените нивоа на радијација и реакторот е исклучен, се вели во соопштението на МААЕ, пренесе „Ројтерс“.
Централата „Олкилуото 2“, со капацитет од 890 мегавати, ја стопирала работата до сабота.
Немало истекување на радијација во животната средина, потврдија надлежните.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица