Модриќ: Реал е во многу тешка ситуација
Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ оцени во интервју за шпанските медиуми дека Реал Мадрид се наоѓа во „многу тешка ситуација“ во Лигата на шампиони.
Реал во вторникот загуби на гостувањето кај Шахтјор со 2-0 и за пласман во нокаут фазата е пред императив од победа во последното коло на домашен терен против лидерот во групата Борусија Менхенгладбах.
– Ова е многу тешка ситуација. Создаваме шанси, но тешко ни оди со реализацијата. Кога нема да постигнеме гол, а противникот ќе поведе работите на теренот се компликуваат. Тоа е така, ова е фудбал, не е математика. Сега е потребно позитивно да гледаме на она што ни претстои, бидејќи пред нас во Лигата на шампиони е последниот натпревар во групата и ќе одиме до крај, изјави Модриќ.
„Кралскиот клуб“ три пати во серија триумфираше во Лигата на шампиони од 2016 до 2018 година, а сега му се заканува елиминација уште во групната фаза.
Тренерот Зинедин Зидан по вчерашниот пораз во Украина недвосмислено изјави дека нема да поднесе оставка.
Ново на Сител
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира ниту по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница
-
Лишен од слобода крадец во Куманово
-
Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува