Уште 20 авиони со мировници пристигнаа од Русија во Нагорно-Карабах
Русија вчера испрати 20 авиони со 170 припадници на мировните сили во Нагорно-Карабах, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Во текот на изминатиот ден 20 авиони на воено-транспортната авијација при Воздухопловно-вселенските сили на Русија полетаа од аеродромот Уљановск-Восточни. Авионите на аеродром во Ерменија ќе достават повеќе од 20 тешки теренски возила со приколки, средства за логистичка поддршка и над 170 мировници, се наведува во соопштението на Министерството.
Претходно, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека во Нагорно-Карабах веќе се распоредени повеќе од 1.100 руски мировници и извршени се 73 летови.
Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија – Владимир Путин, Илхам Алијев и Никол Пешињан, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на борбените дејствија во Нагорно-Карабах.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска