-->
-->
Трамп незадоволен од својот правен тим
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп е назадоволен од работата на правниот тим во постапките за докажување на неговите тврдења за изборни манипулации и кржба на републиканските гласови, изјави неименуван соработник на Трамп.
Според него Трамп е незадоволен бидејќи неговиот тим не успеа да постигне резултати како правните застапници на Џорџ В. Буш во 2000 година кога се пребројува гласовите во Флорида. Тогаш Буш помладиот го победи демократскиот претседателски кандидат Ал Гор.
Правниот тим на Трамп е предводен од поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани и поранешната државна обвинителка на Флорида, Пем Бонди, кои го одбранија претседателот од обвинувањата за поврзаност со руското мешање во америкнските избори во 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Автомобил се запали кај „Кјуби“ | ФОТО
-
Зеленски: Русија купува време за да ја продолжи војната
-
53-годишна жена вработена во средно училиште во Центар нападната од четворица ученици
-
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години
-
Приведени тројца битолчани, при претрес во дом пронајдена е дрога
-
Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип
-
66-годишен маж пронајден починат во својот дом во Центар
-
Ограбена црква во подрачјето на Центар во Скопје