-->
-->
Аеродром, Карпош и Гази Баба со најмногу активни случаи на Ковид-19
-->
Од регистрирани 1085 нови случаи на Ковид-19 при направени 3294 тестирања во изминатите 24 часа, најмногу или речиси половина се во Скопје 447.
Според информациите објвени од Министерството за здравство, по бројот на активни случаи по општини најмногу има во Аеродром 788, Карпош со 682 и Гази Баба – 671. Следат Центар – 592, Кисела Вода – 588 и Ѓорче Петров со 388. Над сто активни случаи има и во општините Чаир – 233, Бутел – 227 и Илинден – 101
Во Шуто Оризари се 48, Студеничани – 20, Сарај – 35, Арачиново -9, Сопиште – 40, Чучер Сандево – 24, Петровец –30 и Зелениково -16
Во Скопје досега се регистрирани 13621 случаи на Ковид-19, а активни во моментов се 4584.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја, пак, од почетокот на епидемијата изнесува 31572, бројката на оздравени пациенти е 20731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9847.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата