-->
-->
Клоп не сака да „арчи“ за замена на ван Дајк
-->
Англискиот шампион Ливерпул нема да привлече заменик на повредениот дефанзивец Вирџил ван Дајк во јануари.
Холанѓанецот се здоби со сериозна повреда на коленото за време на дербито со Евертон и ќе отсуствува околу половина година.
Првично се сметаше дека менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп размислува за привлекување на Дајо Упамекано од Р.Б. Лајпциг или Озан Кабак од Шалке.
Според „Ливерпул Ехо“, сепак, Германецот не сака да троши пари на ново засилување и целосно ќе се потпре на дефанзивците што ги има во моментов.
Тој скоро сигурно ќе се обложи на Џо Гомез и Фабињо во „срцето“ на одбраната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами