-->
-->
Голем интерес кај земјоделците за купување механизација во Кочани
-->
Триесетина земјоделци од Кочанско досега пројавиле интерес за набавка на механизација од Програмата за рурален развој на огласот отворен на почетокот на овој месец.
- Мерката позната меѓу земјоделците како „50-50“ нуди можност за набавка на механизација за стопанствата и индивидуалните земјоделски производители. До Агенцијата досега индивидуални земјоделци имаат поднесено 13 апликации-барања за купување механизација со целокупната документација. Покрај нив 17 земјоделци чекаат да им се изготват потребните планови и да бидат комплетирани барањата, изјави Валентин Захариев стручен соработник во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-канцеларија во Кочани.
Од канцеларијата на Агенцијата во Кочани истакнуваат дека интересот кај земјоделците за оваа мерка е голем, но сепак зголем интерес кај земјоделците очекуваат идната недела кога всушност ќе намалат работите околу собирањето на пченицата во кочанскиот регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар