Сончево со мала облачност и локален дожд
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што е можна појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 12, а дневната од 21 до 27 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 25 степени.
До недела ќе преовладува претежно стабилно време. Во недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе е нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Утринските температури до вторник ќе бидат во постепено покачување. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури.
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево