Во Мексико пронајдени коски на 200 мамути стари 15.000 години
При градежни работи кај Санта Лусија, град којшто се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити, најдени се остатоци од 200 мамути постари од 15.000 години.
Мексиканските палеонтолози веруваат дека ова место тогаш било еден вид гробница за мамути. Се наоѓа точно на брегот на езерото Јалтокан.
– Ова место било како рај, но тука имало и спуштање на земјиштето. Имало многу кал и било под езерото Јалтокан. Мамутите, веројатно оделе во длабоко, па не можеле да се извлечат од калта. Тоа значи бавна смрт. Тие потоа биле плен на грабливците месојади и на луѓето, истакна археологот Рубен Манцанила – предводник на ископувањата.
Тој вели дека има слично место, наречено Ранчо ла Бреа, и кај Лос Анџелес, САД, потоа – на Аљаска, каде исто така, се најдени остатоци од мамути… Но на овој континент тие изумреле и немаат свои еволутивни потомци.
– Ги имало многу во Латинска Америка, а ова место би можело да стане едно од најважните на континентот, во однос на објаснувањата – зошто изумреле?, вели Манцанила.
Предвидена е и изложба на наодите во мал музеј во близина, кој допрва ќе се гради.
Ново на Сител
-
„Река“ кај Бит Пазар | ВИДЕО
-
Падната ограда од надвозник врз автомобили во Автокоманда
-
Поплавени 50тина куќи, пожарникарите бараат исклучување на струјата во Тетово
-
ЦУК: Над 200 пријави за оштетени возила на автопатот Скопје - Тетово
-
Невремето во Скопје предизвика прекин на електричната енергија во Собранието
-
Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повтори основните заложби на новата влада, СДСМ изрази сомнеж дека ветеното ќе се реализира
-
Продолжи собраниската седница за избор на новата влада