Црна Гора: Од денеска полициски час во Никшиќ, Беране и Андријевица
Со оглед на исклучително распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус. Мерките се во сила од денеска.
„Усвоените мерки ќе обезбедат да го сузбиеме интензивното ширење на епидемијата во првата половина на октомври и да ги зачуваме здравјето и животот на населението“, наведува од ИЈЗ и апелираат граѓаните да ги почитуваат доследно мерките.
Од денеска до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите на коронавирус во Никшиќ, Беране и Андријевица, ќе биде забрането напуштање на домовите од 22 до 5 часот наутро, а работата на угостителските објекти и домашните посети ќе бидат забранети.
Од денеска во Рожаје е забранета работата на угостителските објекти и домашните посети.
Во Котор, Будва, Подгорица и Плевља, од 28 септември до 12 октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат само до 22 часот.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата