Во Данска ќе им биде конфискувана сопственоста на бегалците
Данскиот министер за интеграција Ингер Стојберг денеска изјави дека полицијата треба да добие право да ги конфискува накит од барателите на азил со цел да се платат расходите за нивното сместување, учењето на јазик, здравствената заштита и курсевите за професионална квалификација.
Таа наведе дека е подготвен предлог-закон со кој бегалците ќе имаат исти права со невработените Данци, кои можат да добијат социјална помош ако ги продадат сите предмети кои имаат вредност над 10.000 круни (1.453 долари).
Стојберг наведе дека бурмите, часовниците и предметите со сентиментална вредност не треба да бидат одземани.
Предлог-законот има поддршка од антиимигрантската Данска народна партија, втора сила во Парламентот и се очекува да биде изгласан следниот месец.
Повеќе од 9.000 лица годинава побарале азил во Данска, каде неодамна социјалната помош за бегалците беше намалена за 50 проценти.
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај