Кривична против 25-годишен скопјанец поради затајување на данок
СВР Скопје - Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.Х.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „даночно затајување“.
Пријавениот, во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019, реализираните приливи на својата трансакциска сметка во банка во Скопје од трансакциски сметки на вкупно 11 правни лица во 60 наврати со вкупен износ од 1.810.604 денари не ги пријавил во поднесената задолжителна Годишна даночна пријава до даночниот орган како друг доход, иако согласно одредбите од член 11 ст.2 од „Законот за данок на личен доход“ бил должен за овој износ да пресмета и плати данок на личен доходи во износ од 15% од вкупниот доход, односно бил должен да пресмета и плати данок на личен доход во износ од 271.591 денари.
Ново на Сител
-
Возилото и три женски тела извлечени од Вардар | ВИДЕО
-
Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото од тогаш не го напуштил станот
-
Автомобилот и три мртви тела извлечени од Вардар
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице