Протест на Средношколскиот сојуз за комбинирана настава
Средношколскиот сојуз попладнево протестираше за учебната година на 1 октомври да почне веднаш со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот.
Протестот почна пред Министерството за образование и наука и оттаму продолжи кон Владата пред која имаше обраќање на средношколци. Тие носеа транспаренти „Стоп за неквалитетно онлајн образование“, „Владата онлајн, учениците офлајн“, „Назад во клупа“, „Сакаме подобро образование“, „Ништо за нас без нас“…
Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи пред протестот за МИА истакна дека оваа недела очекуваат средба со новата министерка за образование и наука Мила Царовска.
На протестот покрај средношколци од ограноците на Сојузот низ државата, им се придружија и наставници и родители, а на средношколците им изрази и Првата детска амбасада „Меѓаши“.
Иницијаторите на протестот се против наставата да почне онлајн во сите средни училишта, како што е планирано, туку со комбиниран модел односно ротирање на средношколците во класовите на секои два дена (следење на наставата онлајн и физичко присуство) и пристапот да не биде централизиран, туку секоја општина да организира модел според епидемиолошката состојба односно број на заразени.
Пред десетина дена претставници на Сојузот имаа средба во Владата, а беа и на состанок со Комисијата за заразни болести на кој, како што рече Ходаи, им било сугерирано дека е побезбедно наставата да ја почнат онлајн, а потоа состојбата ќе се мониторира и во зависност од тоа моделот ќе се менува.
Ново на Сител
-
Аритон Ала е нов заменик-претседател на Судски совет на РСМ
-
Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби
-
Почина тригодишно дете од Кавадарци
-
ЕК: Бугарија ги исполнува условите за влез во еврозоната од 1 јануари
-
Димитриеска-Кочоска: Проблемот околу инфлацијата е комплексен, работиме во континуитет и треба време да се среди
-
Во тек се преговорите со министерствата за ребалансот на буџетот, кој во Собрание треба да се најде најдоцна до 25 јуни
-
Вицепремиерот Стоилковиќ и турскиот амбасадор Улусој ги посетија подрачните училишта во Бучим и Тополница
-
Одложувањето на гласањето на предлог-извештајот во АФЕТ голема победа на македонската дипломатија, порачаа амбасадорите Боцевски и Јолевски