Унгарија ги затвора границите на 1 септември поради коронавирусот
Унгарската Влада донесе одлука повторно да ги затвори границите на земјата како на почетокот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска шефот на кабинетот на премиерот, Гергели Гулаш.
Тој рече дека од 1 септември на странските државјани ќе им биде забранет влез во Унгарија, освен во исклучителни случаи, јави агенцијата МТИ.
Унгарските граѓани кои се враќаат во земјата ќе треба да бидат во карантин 14 дена или додека не добијат два негативни теста направени во два различни дена.
– Овие мерки се воведени за да се спречи внесувањето на вирусот во земјава, истакна Гулаш, додавајќи дека Унгарија, пред сè, на тој начин сака да ги заштити своите постари граѓани, да им овозможи на децата да бидат безбедно подготвени за почетокот на учебната година и да продолжат со економскиот напредок.
Ново на Сител
-
Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан
-
Во тешка состојба пронајдена двегодишната Дуња откако исчезна од пред семејната куќа во Уб
-
Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна може да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена
-
Еврокомисијата предлага фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната
-
Апелација ја објави пресудата за Боки 13
-
Њујорк Тајмс: Трамп не ја гледа Украина како сојузник, туку исклучиво преку економски интерес
-
Флик е против враќањето на Нејмар во Барселона
-
Приведен 42 годишник од Чегране, бил баран по потерница