Македонија
23. August 2020 - 21:26

За време на корона, помалку сообраќајни несреќи и помалку пијани

Статистиката покажува дека во првите 7 месеци од годинава Итната медицинска помош регистрирала значително намалување на бројот на интервенции поврзани со пијанства и повреди во сообраќајни незгоди. Ова се должи на намалената фрекфенција на движење и воведените мерки за спречување на ширење на коронавирусот, велат од министерството за здравство.

Според оваа статистика од 1-ви јануари до 31-ви јули оваа година биле регистрирани интервенции кај 5 деца до 18 години во алкохолизирана состојба, додека во 2019-та биле регистрирани 20 деца. Намален е бројот и на интервенции кај лицата на возраст од 20 до 40 години и на лицата на возраст од 40 до 60 години од 159 на 133. Забележително е намален и бројот на повредени во сообраќајни несреќи, во март годинава имало вкупно 87 што е за 23 лица помалку во споредба со истиот месец лани, а додека во април во сообраќајни незгоди биле повредени 60 лица што е за 45 помалку од лани.