Во Берлин Ирачанец изврши напад со возило, можен терористички чин
Најмалку шест лица се повредени, од кои тројца се во тешка здравствена состојба, откако 30-годишен Ирачанец намерно удрил во неколку возила во Берлин, соопштија германските власти, оценувајќи дека станува збор за потенцијален терористички чин.
Ирачанецот предизвикал неколку судири на неколку делници во Берлин, по што имало привремено прекинување на патниот сообраќај.
Инцидентот се случил синоќа, кога 30-годишен Ирачанец со својот автомобил се залетал во неколку возила, пишува „Билд“. Притоа тој соборил двајца мотоциклисти и обајцата се во тешка здравствена состојба. Потоа го запрел автомобилот, излегол и извикал „Алах Акбар“. Потоа врз покривот на автомобилот ставил метална кутија и повикал „никој да не му се приближува или сите ќе умрат“.
Полицијата успеала да го совлада човекот и да го уапси, и не пронашла експлозивна направа во неговиот автомобил. Напаѓачот сега е во притвор.
Властите испитуваат дали Ирачанецот, кој се чини дека е ментално нестабилен, припаѓа на некоја исламистичка заедница.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј