ЕУ лидерите два дена без договор, самитот продолжува денеска
Лидерите на ЕУ, и по вториот ден од маратонските преговори во Брисел, не успеаја да постигнат договор за пакетот за опоравување на ЕУ, што вклучува седумгодишен заеднички буџет и фонд за обнова од последиците од кризата со Ковид-19.
Дводневниот самит во Брисел ќе продолжи денеска, кога се очекува нов компромисен предлог од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Тој вчера излезе со нов предлог на самитот на ЕУ – да се префрлат 50 милијарди евра од грантови на заеми од предложениот фонд за обнова на ЕУ.
Се очекуваше вкупниот износ на фондот да остане на 750 милијарди евра, но нивото на грантовите да се намали на 450 милијарди евра (од предложените 500 милијарди евра) – отстапка во согласност со барањата на т.н. „штедлива четворка“ – Австрија, Данска, Холандија и Шведска.
Мишел исто така понуди компромис за управувањето со фондот, обидувајќи се да ја убеди Холандија да го потпише договорот.
За да ги намали грантовите, Мишел предложи кратења на неколку буџетски програми, вклучително и Хоризонт Европа (намалување од 2 милијарди евра), здравствена програма (намалување од 2,7 милијарди евра) и финансирање на рурален развој – 5 милијарди евра. Покрај тоа, планираното финансирање од 26 милијарди евра за поддршка на солвентноста на компаниите ќе биде укинато.
Доколку и денеска не се постигне договор, лидерите на ЕУ треба повторно да се состанат во Брисел на 27 и 28 јули.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија