Чулев на Фејсбук: МВР презема мерки за расчистување на кривично дело поткуп при избори и гласање
Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип вчера презел мерки за расчистување на кривично дело „Поткуп при избори и гласање“, објави денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил.
Министерот пишува дека по добиени оперативни информации дека лицето Д.А. од Штип поседува патни исправи и лични карти од повеќе НН лица од ромска националност кои биле држени како залог за настанат долг во неговата прехранбена продавница, а кој долг, посочува Чулев, наводно би им бил подмирен доколку истите на денот на изборите гласаат за политичката партија СДСМ.
-Од страна на СВР Штип од Судија на претходна постапка од Основен суд Штип побарана и добиена е наредба за претрес на дом и други простории кај конкретното лице со цел обезбедување на материјални докази и целосно документирање на настанот. При извршениот претрес во прехранбената продавница на лицето биле пронајдени 4 тетратки во А4 формат во кои имало список со имиња, 69 биометриски лични карти, 18 биометриски патни исправи, 18 стари патни исправи, 6 стари лични карти, 1 дозвола за престој и 1 здравствена легитимација, за кои постои основано сомневање дека се предмет на Кривично дело „Поткуп при избори и гласање“ од чл.162 од КЗ. Пронајдените предмети со потврда за привремено одземени предмети се одземени од лицето Д. А., а во просториите на СВР Штип со конкретното лице извршен е разговор во однос на околностите поврзани со пронајдените предмети, пишува Чулев на ФБ.
Министерот информира дека до Основното јавно обвинителство е доставено известување и побарани се насоки за преземање на дополнителни мерки и дејствија заради целосно документирање и докажување на кривично-правниот настан.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска