ЕУ “повеќе ќе се инволвира“ во борбата против лажните вести на Западниот Балкан
Европската Комисија денеска ја презентираше својата стратегија за борба против дезинформациите во контекст на кризата со Ковид-19, Западниот Балкан треба да биде поинтензивно вклучен во иднина.
Да се обезбедат точни информации и проверка на факти во соработка со дигиталните компании, истовремено сочувувајќи ги демократијата и слободата на изразување, ова е главната порака која произлегува од стратегијата на Европската Комисија за борба против дезинформациите во време на коронавирусот најавена денеска од страна на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел и еврокомесарката за вредности, Вера Јурова.
Комисијата предлага серија акции во соработка со новинарите, социјалните мрежи, дигитални платформи, властите, итн. за да се подигне свеста на граѓаните во однос на здравствените дезинформации, кои неретко се поддржани или промовирани од странски државни актери како Русија и Кина, изјавија денеска Борел и Јурова.
Во овој контекст Западниот Балкан зазема важна улога за Европската Унија бидејќи регионот е “борбено поле“ на кое овие странски сили шират дезинформации со цел да се ослабне поддршката за Европската Унија, објаснуваат од Европската Комисија.
Затоа Европската Комисија сака “повеќе да се инволвира“ во битката против лажните вести во регионот.
-Дезинформациите можат да бидат опасни како во ЕУ така и на Западниот Балкан и ние предлагаме фокус на Западниот Балкан, и веруваме дека Западниот Балкан треба да ни се придружи во дигиталниот систем, рече Јурова.
Конкретно, меѓу другото, ЕК планира да излезе со пакети помош за партнерите од регионот и поширокото соседство за да “промовира веродостојни информации и да се бори против дезинформации“, стои во стратегијата на Европската Комисија. Ова би подразбирало соработка со новинарите и медиумските куќи преку Делегацијата на ЕУ и амбасадите на земјите членки на Унијата.
Европската служба за надворешни работи пред неколку години создаде посебна единица за борба против дезинформациите, пред сѐ, за да се спречи руското влијание.
Но, извесно стана дека тимот на ЕУ за стратешка комуникација на Западниот Балкан, кој е составен од малку луѓе, не е доволен за справување со предизвикот од лажните вести и силното влијание од Русија и Кина во регионот. Па така, со оваа засилена стратегија, Европската Комисија се надева дека ќе може поинтензивно да им помогне на западнобалканските земји, како и на другите партнерски земји од соседството и пошироко.
Според дипломатите, се разгледуваат можности како поддршка за независни тимови за проверка на факти, на пример, но и обука за новинари, обезбедување материјална и финансиска помош за постигнување на овие цели, како и образовни и информативни кампањи за подигнување на свеста на граѓаните.
Состојбата во регионот, меѓутоа, е посложена отколку во земјите членки, не само поради присуството на странски актери, велат во ЕУ, туку и поради тоа што земјите од Западниот Балкан се политички “поранливи“, партизираноста е силна, а граѓаните во овие земји се “лесни жртви“ на пропаганда, нешто што кризата со коронавирусот дополнително го истакна, велат дипломатите во Брисел.
Во наредните денови се очекува Европската Комисија да излезе и со попрецизни бројки за финансирање на оваа стратегија во регионот.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња