Шокантна трансформација на телото откако 2 месеци бил хоспитализиран поради КОВИД-19
Медицински техничар 43, од Калифорнија сподели шокантна фотографија пред и по скоро двомесечниот престој во болница за коронавирус.
Мајк Шулц, медицински техничар во Сан Франциско без претходни здравствени проблеми, тежел околу 85 килограми и вежбал секој ден. Но, откако изгубил повеќе од 22 килограми среде битката со коронавирусот, тој решил да сподели две фотографии со своите 30 000 следбеници на Инстаграм - едната направена еден месец пред да се разболи, а другата од болницата.
„Сакав да покажам дека може да му се случи на секого. Не е важно дали сте млади или стари или ако имате претходни заболувања, тоа може да ви се случи и вам“, рекол Шулц за „BuzzFeed“. „Мислев дека не беше толку сериозно сè додека не започнаа да се случува пеколот. Мислев дека сум доволно млад за да не бидам засегнат и знам дека многу луѓе мислат дека тоа е така“.
Шулц кажал дека е исцрпен само затоа што станал кратко за да се фотографира. „Бев толку слаб. Најмногу ме фрустрираше. Не можев да го држам мобилниот телефон - беше толку тежок. Не можев да пишувам затоа што рацете ми се тресеа толку многу“.
Шулц, кој отишол во болницата на 16 март, исто така, целосно го изгубил осетот за време. „Мислев дека е само една недела“, рече тој.
Тој пристигнал во Бостон на 14 март - една недела откако присуствувал на фестивал во плажа во Мајами од која најмалку 38 лица подоцна беа тестирани позитивно за коронавирус, а тројца починале.
Неколку дена откако пристигнал во Бостон, тој започнал да се чувствува навистина лошо и се упатил кон болницата. Имал треска и белите дробови му биле исполнети со течност.
Шулц добил кислород, бил на респиратор и под дејство на лекови. Подоцна бил преместен во поголема болница, каде бил интубиран четири и пол недели. Како што кажал „скоро како да бев во кома„.
Шулц конечно бил отпуштен од болницата минатата недела по 57 дена и рекол дека ужива во два двојни чизбургери, помфрит и шејк од јагода што тој го нарачал во Мекдоналдс.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи