ВМРО-ДПМНЕ: Македонија урива рекорди на заразени од Ковид-19 во регионот
СДСМ и Венко создадоа хаос во здравствениот систем. Додека тие се фалат дека ја победиле епидемијата, Македонија се наоѓа на врвот по заболени и умрени од корона вирусот во регионот.
Република Македонија урива рекорди на заразени од Ковид – 19 во регионот.
Филипче и СДСМ дека не можат да се справат со корона вирусот говори и фактот дека Кај нас досега се направени околу 25.000 тестирања што е три пати помалку во однос на Словенија која има 74.419, а Хрватска 61.482.
Додека во регионот главна тема е справувањето со економските последици, во Македонија се уште се бројат новозаболени лица, лица кои добиваат решенија за самоизолација и изолација.
Овој податок говори дека Владата предводена од СДСМ наместо да се фокусираат на здравствени мерки, гледа како да ја спаси политичката кариера на Зоран Заев.
Се поочигледно е дека Филипче и СДСМ доживеаја фијаско во справувањето со корона вирусот.
Со СДСМ и Заев единствено добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја