Премиер лигата одобри промена на сопственоста во Њукасл
Клубовите од Премиер лигата дале зелено светло за завршување на договорот за промена на сопственоста во Њукасл, објави таблоидот „Сан“. Официјалното соопштение за промената во текот на управувањето се очекува околу 1 јуни.
Според британските медиуми, Мајк Ешли ќе продаде 80 проценти од акциите на клубот на саудиски конзорциум предводен од принцот Мохамед бин Салман. Договорот е вреден вкупно 300 милиони фунти, при што 10 проценти од клубот треба да ги стекнат британските милијардери, браќата Рубен, кои исто така се дел од конзорциумот.
И покрај протестите на голем број невладини организации дека договорот не треба да се случи бидејќи човековите права не се почитуваат во Саудиска Арабија, претставниците на предложениот нов менаџерски тим на „црно-белите“ ги исполниле барањата на Премиер лигата за морал и лични квалитети.
Финализирањето на договорот ќе стави крај на 13-годишното раководство на Ешли, кој не беше сакан од приврзаниците на Њукасл поради просечните резултати на теренот и немањето сериозни инвестиции во тимот.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден