Во Грција масовно се продаваат хотелите по ниски цени
Околу стотина хотели во моментов се продаваат на северот на Грција, а најевтиниот поголем објект со базен и поглед на море може да се купи за половина милион евра. На грчките сајтови за недвижности во моментов има исклучително богата понуда на грчки хотели на северот на земјата, со најголем број објекти лоцирани на Халкидики.Цените се неверојатни и започнуваат од 160 илјади евра.
Хотелите во Аспровалта, Врасна, Калитеа, Полихроно, Неа Муданија, но и сите други туристички места на северот на Грција можат да се купат за малку пари, а најевтиниот објект чини само 160 илјади евра и се наоѓа во Врасна. Објектот има четири апартмани и се наоѓа на 200 метри од морето.
Од 300 илјади до половина милион евра, можат да се купат објекти со околу 20 соби и базен.
Хотел се продава во Неа Мармарас за само 1,5 милиони евра. Хотелот има два објекти, 44 соби, рецепција, базен, поглед на море и делумно е реновиран.
На продажба е ставен и хотел во Полихроно за 2,1 милиони евра. Хотелот располага со 41 соби и е изграден во 1990 година.Нов хотел со 25 соби може да се купи за три милиони евра. Оние што сакаат хотел на брегот, треба да издвојат пет милиони евра. Поточно, хотелот на брегот на полуостровот Касандра има 22 соби и чини 5,5 милиони евра.
Нов хотел на истиот полуостров со 28 соби чини девет милиони евра. Поголем хотел со 130 соби во Халкидики може да се купи за околу 11 милиони евра, додека уште поголем хотел со 150 соби е за еден милион поскап.
Ново на Сител
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава