УЈП ги достави годишните даночни пријави, граѓаните да ги проверат до 31 мај
Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година. Оттаму ги повикуват регистрираните корисници на системот „е-Персонален данок“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2019 година преку своите кориснички профили.
Граѓаните, како што наведуваат од УЈП, може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава за 2019 година, најдоцна до истекот на крајниот рок 31 мај 2020 година.
По истекот на законскиот рок на 1 јуни 2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишните даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани.
Годишната даночна пријава за 2019 година која граѓанинот ја корeгирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска