Живот
10. December 2015 - 12:20

Келнерка во Кина изеде жива скорпија

Од идејата за јадење живи скорпии веројатно би им се кренала косата на главата на поголемиот број жители на земјината топка, но во делови на Кина токму тоа претставува вистински деликатес.

Една келнерка така доби аплауз од гостите во ресторанот во која работи, кога со стапчињата за јадење дифати една жива скорпија, а потоа ја стави во уста, ја изџвака и ја изеде како да станува збор за некое обично јадење.

Целата „гозба“ во ресторанот на Пекинг ја снимил еден од гостите и видеото го објави на социјалните мрежи.

Се претпоставува дека келнерката, која веќе го доби прекарот „кралицата на скорпионите“, на гостите сакала да им демонстрира како се јадат живи скорпии, со цел да ги охрабри и тие да го пробаат овој „деликатес“.