Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часо
Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.080.101 лица. Од нив починале 212.265, а оздравеле 929.077 луѓе.
– Црна Гора трет ден по ред нема регистрирано ниту еден нов случај на зараза со коронавирус, а истовремено бројот на оздравени е значително поголем од бројот на моментно заболените. Досега во земјата има 321 заразен.
– Австрија продолжува со олеснување на мерките за изолација воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19. Од петок ќе биде дозволено собирање до десет луѓе и излегување од домовите без оправдани причини.
– Во Индонезија 415 нови случаи на зараза со коронавирус, а осум луѓе починаа во последните 24 часа.
– Иранците користеле метанол против коронавирусот. Починале над 700 лица, а повеќе од 5.000 луѓе имале алкохолно труење.
– Речиси една третина Американци го загубиле работното место или приходите поради новиот коронавирус, а бранот отпуштања посебно ги погодил оние со пониски заработувачки, покажува најновото истражување.
– Во Чешка во последните 24 часа се потврдени 41 заразен случај со коронавирус, што е најмал дневен пораст на бројот на заболени во последните шест недели.
– На полицајците во индискиот град Мумбај им е наложено да останат дома доколку се на возраст над 55 години. Одлуката е донесена откако тројца полицајци починале како последица на зараза со Ковид-19.
– Светската здравствена организација соопшти дека ги забрзува испораките на дијагностичките тестови и заштитна опрема, со нов фокус на Латинска Америка каде се шири новиот коронавирус.
Ново на Сител
-
Комисијата за буџет на Бундестагот даде зелено светло за помош за Украина во вредност од три милијарди евра
-
Трамп најави производство на борбен авион од шестата генерација Ф-47
-
Зеленски најавува самит на „коалицијата на подготвените“ во Париз
-
Победникот на Светското клупско првенство ќе добие повеќе од 100 милиони долари
-
УЈП: Да се поднесат барања за обнова на кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките
-
Јандроковиќ: Сочувство од Сабор и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани
-
Кривична против тројца штипјани, во зграда нападнале лице при што употребиле електрошок
-
ОЈО Куманово ги чека извештаите од извршените контроли за случајот со починатиот кумановец