Новиот коронавирус е активен и во солзите на заразените
Вирусот Sars-Cov-2, кој е одговорен за пандемијата на Ковид-19, е активен и во солзите на заразените пациенти, покажа истражување на Националниот институт за заразни болести Спаланзани во Рим, објавено во списанието „Анали на интерна медицина“.
Во брис земен од око на заразен пациент кој имал билатерален конјунктивит, истражувачите успеале да го изолираат вирусот, покажувајќи дека тој може да се размножува, не само во респираторните органи, туку и во окото, предизвикувајќи конјунктивит.
Ова откритие има важни импликации за општата здравствена состојба, па резултатот до кој дојдоа италијанските лекари, е проследен до Светската здравствена организација.
– Ова истражување покажа дека очите не се само една од влезните врати за вирусот во организмот, туку се и потенцијален извор на зараза, коментира Кончета Кастилети, шефица на оперативната единица во лабораторијата на Клиниката Спаланзани во Рим.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 повредени при влетувањето на автомобил во толпа во Минхен, возачот е уапсен
-
Бугарин приведен во Куманово за измама на повеќе лица
-
Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови
-
АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети, уништени 22,3 тони небезбедна храна | ФОТО
-
Поднесена кривична за директорот и неколку службени лица на РЕК Битола
-
Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски
-
СДСМ оди на избори на 16 март
-
За викендот облачно со краткотраен дожд, од понеделник постудено со дожд и снег