Филипче: Системот не потфрли во однос на заштитата на здравјето на медицинскиот персонал
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција нагласи дека системот не потфрлил во однос на заштитата на здравјето на медицинскиот персонал. Добар дел од здравствените работници, како што потенцира, практично не се заразени за време на работа со пациенти, туку од контакти, несвесни дека имаат контакт со заболени.
– Мислам дека здравствените работници се покажаа дека се на висина на задачата како и многупати досега. Дури и над тоа ниво, со оглед на интензитетот со кој се работи, исклучително високиот степен на пожртвуваност со кој ја работат оваа работа, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
Во врска со тоа колку тестирања се направени откако е започната кризата со пандемијата од Ковид-19 во земјава, Филипче рече дека заклучно со вчерашниот ден вкупно на Институтот за јавно здравје се направени близу 1.800, а заедно со приватните клиники близу 2.700 тестирања. Наведе дека во Иинстутот за јавно здравје дневно се прават по 200 до 300 тестирања.
– Од утре за прв пат е ставена во функција лабораторијата на Ветеринарниот институт каде што ќе се прават дополнителни 30 тестови на ден, информираше министерот.
Филипче наведе дека околу 200 пациенти се на домашно лекување, а прашан што доколку кај некој од нов дојде до влошување на состојбата, одговори дека тие се во секојдневна комуникација и со матичните лекари и со докторите во болницата.
– Пациентите кои се на домашно лекување се во секојдневна комуникација и со матичните лекари и со докторите во болницата. Значи во овој момент нема ниту еден пациент на кој клиничката слика му е со средна форма. Сите се во сосема лесна клиничка слика и можат да бидат на домашно лекување. Ние го развивме системот на транспорт и веќе од почетокот на следнава недела ќе бидат транспортирани до болница пациентите кај кои ќе биде индицирано примањето на терапија со цел тие да ја примаат во болнички услови, рече Филипче.
На новинарско прашање, кај колку пациенти е започната терапија со „Сумамед“ и лекот против маларија и дали има позитивни реакции на таа терапија, министерот наведе дека се уште е рано да се кажат резултатите од терапијата.
– Кај сите кај кои што е индицирана, согласно проверките на функцијата на срцето, веќе е дадена на Клиниката, а веќе од неделава и кај сите што се на домашно лекување. Во однос на успешноста, мислам дека е рано да се каже. Треба да поминат уште неколку денови. Првите резултати се очекуваат по 5-7 дена од почетокот на терапијата, појасни министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година
-
Македонските фудбалери вечерва ја пречекуваат Летонија
-
Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел
-
Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир