Јавниот живот во Словенија од утрово е комплетно стопиран
Со одлука на словенечките власти како мерка во борбата против коронавирусот од утрово комплетно е стопиран целиот јавен живот во земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, затворени се училиштата, градинките, сите културни и спортски установи, јавниот градски превоз, домашниот и меѓународниот железнички превоз и сите услужни објекти каде што може да има контакт меѓу луѓе, како фризерски и козметичарски салони.
Портпаролот на Кризниот штаб за справување со коронавирусот Јелко Кацин, најави дека од утре ќе се затворат и аеродромите во земјата со што ќе се стопира и воздушниот сообраќај.
– Ова е крај за локалите, крај на дружењата, а државата ќе се погрижи за да разбереме зошто мораме да се грижиме за себе и за другите. Мораме да почнеме да се грижиме за себе – изјави Кацин.
Во однос на превозот најавено е дека нема да бидат укинати такси возилата, но таксистите имаат обврска после секој патник да направат комплетна дезинфекција на возилото, а полицијата строго контролира дали тоа се почитува.
Дополнително градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ изјави дека од утринава сите паркинг места низ градот ќе бидат бесплатни со цел да се компензира неработењето на јавниот превоз.
Ново на Сител
-
Четворица повредени при пад на лифт во болница во Атина
-
ДУИ со видео од Ахмети во УЧК униформа: Дајте ми го мечот, никогаш не сум изгубил војна
-
Дел од општина Бутел без вода
-
Набавена нова опрема за Одделот на неонатологија при Детската клиника
-
Таравари: Немам информација дека некој од рентген апаратите не работи, матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Педијатрија
-
Угостителските услуги во 2024 година поскапеле за 5,6 отсто
-
Пренатрупаност во словенечките затвори, со пополнетост од 130 отсто
-
Превентивна активност за заштита од екстремни температури на скијачкиот центар „Михајлово“