Се одвиват контроли на влезовите во Прилеп, навечер се почитуваат мерките
Се одвиваат контроли на влезовите во Прилеп на регионалните патишта Прилеп – Македонски Брод и Прилеп – Крушево. Сообраќајната полиција почна, иако со неколку часови задоцнување, да ги контролира патниците кои влегуваат во градот.
Ова е мерката од синоќешниот состанок на Регионалниот кризен штаб за превенција од зараза со коронавирус, особено по информацијата од Центарот за јавно здравје кое апелира на самоизолација бидејќи имало повеќе дојденци во општината Пласница од ризичните земји.
При анкетата на дел од патниците, некои од општина Долнени рекоа дека не дошол никој од оние што се во странство и не чувствуваат страв. Жител од селото Браилово, Долнени, рече дека неговиот брат си дошол од Германија пред една недела, но немало ништо. Контролите ќе бидат наредниве три дена.
Прилепските ресторани, кафулиња, обложувалниците, клубовите, главно, ги почитуваат мерките за работа до 18 часот. Дел граѓани предлагаат и целодневно неработење. Голем број таксисти носат маски за, како што велат, да се заштитат себе си и патниците. Со маски се заштитуваат и вработените во продавниците, а и минувачи.
Ново на Сител
-
Ивановски: Чест е да се игра пред домашна публика
-
Кремљ: Путин и Трамп телефонски ќе разговараат во 17 часот по московско време
-
На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, поседувал кршуми
-
Затворите се пренатрупани, во функција се ставаат електронски алки за издржување куќен затвор
-
Искршени сликите на петмината трагично загинати штипјани во Кочани | ФОТО
-
Уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство
-
Приведени три лица од велешко, пронајдено оружје и муниција
-
Приведен кумановец, возел со 1.73 промили алкохол во крвта