Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 138.153 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив, починати се 5.080, а оздравеле 70.716.
Казахстан – Потврдени се првите два случаи на заболени од коронавирусот.Станува збор за двајца државјани на таа земја кои биле во Германија, објави денеска министерот за здравство, Елџан Бертанов. Тој додаде дека и двајцата биле хоспитализирани и немаат клинички симптоми.
Австрија – Во борбата против ширењето на коронавирусот, Австрија од полноќ затвора 47 помали гранични премини кон Италија.
Хрватска – Од понеделник нема да има настава во основните и средните училишта и универзитети во Хрватска, а суспензијата ќе трае две недели, објави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.Тој додаде дека во Хрватска ќе биде одложени плаќањето на данок на доход, данок на профит и придонеси.
Кипар – Министерството за здравство на Кипар, утрово соопшти дека се потврдени четири нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени, изнесува 14.
Чешка – Чешката Влада ќе побара од луѓето кои се враќаат од сите земји со висок ризик на новиот коронавирус да се изолираат самите, објави денеска на Твитер шефот на дипломатијата, Томас Петчичек.
Шпанија – Околу 70 илјад Шпанци се во карантин – во четиори градови во Каталонија е прогласен карантин.
Словенија – Од денеска се применува иредба за забрана за влез на тѕоварни возила од Италија освен за оние кои транзитираат низ државата.
– Англиската Премиерлига суспендира одржување натпревари до 4 април
– Натпреварите од Лига на шампиони и на Лига Европа што треба да се одржат идната недела се откажани.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи