Балкан
5. March 2020 - 10:45

Маскирани лица нанеле штета на метро станица во центарот на Атина

Група од околу 60 маскирани лица кусо пред полноќ нанесоа материјална штета на метро станицата „Акропол“ во центарот на Атина, а полицијата приведе 56 лица, објавија грчките медиуми.

Групата оштетила машини за продажба и поништување на билети и испишала слогани на ѕидовите, а маскираните лица се обиделе да побегнат со метро, но било запрено од полицијата, при што биле приведени сторителите.

Според објавите на анархистички сајт, уапсени се 43 лица – анархисти и денеска ќе бидат изведени пред суд, поради како што велат „интервенција против политиката на малтретирање, заплашување и милитаризација што ја води грчката држава и тортурата на мигранти / бегалци и затворените граници“, јави дописничката на МИА од Атина.