Орбан: На Балканот веќе има 130.000 мигранти, мора да ги запреме
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека 130.000 мигранти веќе ја поминале турско-грчката граница и оти мора да бидат запрени што е можно појужно.
Нема да биде доволно да се одбрани грчко-турската граница, истакна Орбан на заедничката прес-конференција со премиерите од Вишеградската група (Полска, Словачка, Чешка и Унгарија) во Прага.
Тој додаде дека мигрантите кои ќе ја преминат грчката граница мора да бидат запрени пред да влезат во други земји. Орбан потенцира дека треба да им се пружи помош на Македонија и на Србија, ако мигрантите го поминат нивните граници, додека Унгарија ќе биде последната бариера.
Како последно средство ќе ја одбраниме европската надворешна граница, посочи Орбан.
Тој додаде дека на Самитот на Вишеградската група унгарскиот став за илегалната миграција стана општоприфатен во Европа.
Ново на Сител
-
Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски
-
Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во стан во Ѓорче Петров
-
Тројца малолетници кај Ајватовски рид фатени со бензин, петарди, запалка и течен лепак
-
Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка
-
Мицкоски: Бугарија направи преседан, ние нема незрело да се однесуваме, уште посилно и попосветено ќе работиме на реформите
-
Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван
-
Владата и Црвениот крст ќе ја јакнат соработката