Саити: Подготвени сме за евентуален бран мигранти
Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити денеска изјави дека се подготвени за евентуален бран на мигранти.
– Ја следиме состојбата последните во три дена и во контакт сме со нашите партнерски организации во Бугарија, Турција и Грција. Засега нашите активности се сконцентрирани во обезбедување на стокови резерви и прифаќање на првиот евентуален бран доколку би го имале. Ние во текот на вчерашниот ден со наши партнери, вклучувајќи ја и Владата на Република Македонија обезбедивме првична подготвеност за 10 илјади мигранти кои би транзитирале низ државата и за евентуално 200 кои би се сместиле во нашите прифатни центри на влез и излез од државата за 30 дена да можеме да ги опслужиме. Доколку ситуацијата ескалира, тогаш веројатно би се активирале следните чекори и механизми кои ги применуваме во случај на вакви ситуации, рече Саити.
Тој посочи дека минатата година во Црвениот крст имале контакт со вкупно 37 илјади мигранти, на кои тие им помогнале или во делот на здравство или во делот на хуманитарната помош.
Саити информира дека од податоците кои ги поседуваат за февуари има 4.732 мигранти, а моментално во камповите во престојуваат 309 мигранти.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници