ОЈО поднесе обвинение за извршител на две кражби во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 40-годишен скопјанец за кражба и тешка кражба извршени на 13 и 15 јануари годинава во една од канцелариите на Факултетот за ветеринарна медицина и во просториите на ПЗУ Ре-Медика во Скопје.
Лицето се товари дека од канцеларијата на Факултетот одзел машки паричник во кој имало 16.000 денари, две кредитни картички, лични документи и други предмети, по што истиот ден, употребил една од противправно стекнатите кредитни картички во маркет и направил трансакција од 666 денари.
На 15 јануари, обвинетиот влегол во просториите на ПЗУ Ре-Медика и со употреба на физичка сила ја скршил бравата од шкаф за чување лични работи на еден од лекарите вработени во оваа здравствена установа. Од шкафчето тој одзел паричник во кој имало 4.000 денари, три платежни картички и други документи. Истиот ден, во рок од половина час, со картичките направил седум трансакции во различни маркети во вкупен износ од 4.325 денари.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Лицето се товари дека сторил едно кривично дело „кражба„ од член 235 став 1 и едно кривично дело „тешка кражба“ казниво според член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228