-->
-->
Нови протести во Индија поради законот за државјанство
-->
Индиската полиција употреби денеска солзавец и димни бомби за да ги растера илјадниците демонстранти во Њу Делхи, кои протестираат поради новиот закон за државјанство, непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на тој град.
Во последните два месеца во Њу Делхи, но и во другите индиски градови, се одржуваат протести поради спорниот закон.
До конфликт дошло кога стотици граѓани, кои го поддржуваат законот, се судриле со оние кои се против него и меѓусебно се гаѓале со камења.
Законот за државјанство е спорен бидејќи многумина сметаат дека е дискриминаторски кон муслиманите и дека администрацијата на индискиот премиер Нарендра Моди ја поткопува индиската секуларна традиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд