Роналдо наполни 35 години, Нејмар слави 28. роденден
Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо и ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар, денеска слават роденден. Португалецот наполни 35 години, додека бразилскиот фудбалер 28.
И покрај тоа што некои фудбалери на 35-годишна возраст веќе ја завршиле кариерата, Роналдо игра во врвна форма и е носител на играта на италијанскиот шампион. Претходно, тој играше и за Спортинг, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. Трикратен шампион е на Англија, двократен шампион на Шпанија, шампион на Италија. Пет пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати Клупското светско првенство, двапати Суперкупот на УЕФА. Како дел од репрезентацијата на Португалија, стана шампион на Европа и победник во Лигата на нации. Пет пати ја има освоено Златната топка. Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите (128 гола на 168 натпревари).
Нејмар 28. роденден го дочекува со повреда. Тој ја започна својата професионална кариера во Сантос, со кој победи во Купот на Бразил и Купот Либертадорес. Летото 2013 година, Бразилецот се пресели во Барселона за 57 милиони евра. Во каталонскиот клуб Нејмар мина четири сезони, за кои стана двапати шампион на Шпанија, три пати сопственик на Купот на земјата, победи во Лигата на шампионите и Клупскиот светски шампионат, како и Суперкупот на УЕФА.
Во август 2017 година, Нејмар потпиша договор со ПСЖ. Сумата на трансферот изнесуваше рекордни 222 милиони евра. Како дел од парижаните, напаѓачот стана двократен шампион на Франција и победник во националниот куп.
Со Бразил, Нејмар стана олимписки шампион во 2016 година и победник на Купот на конфедерации 2013 година.
Ново на Сител
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин