-->
-->
Приведен вработен во УЈП поради примање поткуп
-->
Денеска околу 12 часот и 30 минути на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.А.(38) од Тетово поради примање поткуп од лице од Гостивар.
М.А. како вработен во УЈП Тетово побарал од гостиварецот 300 евра за да не му биде затворен неговиот објект, откако пред една недела при контрола во објектот биле констатирани одредени законски недостатоци.
Побараните средства претходно биле крим-технички обработени и му биле дадени на М.А, кој се обидел да се ослободи од нив, но бил фатен и спречен во намерата.
М.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и во консултација и координација со Јавен обвинител од ОЈО Гостивар ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз