Дополнителен рок за апликации за средства од мерката 3 од ИПАРД 2 програмата
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за дополнителни 15 дена го продолжи рокот за аплицирање за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибини производи“ која се финансира од ИПАРД 2 програмата. Наместо до 11. февруари сите заинтересирани, апликациите ќе може да ги доставуваат до 26 февруари. Рокот е продолжен на барање на заинтересираните странски.
– Со ова се дава дополнителна можност за прибирање и комплетирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање за добивање на средствата, вели во пишана изјава директорот на АФПЗРР Николче Бабовски.
Преку Јавниот повик за мерката 3 на располагање се 13,3 милиони евра. – Мерката овозможува реализација на инвестиции во модернизација на постоечките или отворање нови погони за производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, вклучувајќи и јајца, живина, потоа овошје и зеленчук, вклучувајќи печурки, компири и илегуминозни култури, житарици, млечни продукти и скроб, зеленчукови производи, масла и маснотии од животни, шира, вино и оцет“, појаснува Бабовски.
Од АФЗРР информираат дека ќе може да се набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи ( од растително и животинско потекло), како и да се градат нови или да се реконструираат постоечки објекти за преработувачки капацитети, со цел унапредување на домашниот агро сектор и достигнување на ЕУ стандардите. Деталите за Јавниот повик, се објавени на веб страната на Агенцијата односно може да се преземат на www.ipardpa.gov.mk .
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево