-->
-->
Димитров: ЕУ без одлагање треба да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Македонија
-->
Ако ЕУ сака да поттикне уште реформи и решавање на спорови во регионот, тогаш без одлагање треба да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Македонија, порача денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на Вториот состанок од висок ранг на германско-француската иницијатива за имплементација на Патоказот за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, кој беше копретседаван од страна на МНР на Германија, Хајко Мас и МНР на Франција, Жан-Ив Ле Дриан.
-Еден поглед на мапата објаснува зошто безбедноста на Западниот Балкан е дел од безбедноста на Европа. Кога има политичка волја во регионот и кога Франција и Германија даваат заедничка поддршка и ангажман, напредокот е гарантиран. Кога Германија и Франција седат една до друга, не можам, а да не упатам апел за вакво заедништво и по прашањето на пристапните преговори, истакна Димитрив.
На состанокот учествуваа и министрите за надворешни и внатрешни работи од регионот, а во делегацијата на нашата учествуваше и заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу. Меѓу другите учесници на настанот беа и еврокомесарите за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и за внатрешни работи Илва Јохансон, потоа генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер и други високи претставници на повеќе меѓународни организации.
Како што соопшти МНР, Димитров остварил и повеќе куси разговори со колегите од Регионот, грчкиот алтернативен заменик министер Милитиадис Варвициотис, како и со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер, генералната секретарка на RCC Мајлинда Брегу, заменик генералниот директор во ГД НЕАР Мачеј Поповски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина