СПМ: СДСМ го покажа своето апсолутистичко лице
Социјалистичката партија на Македонија е против предложениот Закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предложен од страна на опозицискиот СДСМ, и го осудува овој, како што посочуваат од партијата, диктаторски упад во медиумската слобода и слободата на јавно изречениот збор.
- Со овој предлог се разобличува СДСМ и самата го покажува своето вистинско апсолутистичко лице и партиското искривено поимање на демократијата и слободата. Не помалку штететен за медиумската слобода е и предлогот на белгискиот таканаречен посредник во преговорите, памфлет од закон, преполн со дупки и недерочености, кој како законско решение не постои ниту во една европска земја. Тој за нас е целосно неприфатлив, како што се неприфатливи и аргументите за наводната специфична ситуација во Република Македонија, се вели во денешното соопштение од СПМ.
Партијата смета дека е потребно да се применат препораките од Еу за либерализација на медиумите, а не, како што потенцира, да се врши скандалозна и невидена партизација на Агенцијата за медиуми и медиумите воопшто, кое го цениме како целосно недемократски и неприфатлив предлог. За СПМ е неприфатливо новинарите да се исфрлат од правото на учество во Советот на МРТВ и во Агенцијата за медиуми, како што овозможува постоечкиот концепт.
- Ставот на Социјалистичката партија на Македонија од своето постоење до денес е заложбата за слобода на изравувањето и објективното информирање и дека овој недемократски, нецивилизациски и неевропски закон не смее да се наметне, за што е потребно да се искористат сите демократски средства и гласот на новинарите, во што ја имаат безрезервната поддршка на Социјалистичката партија на Македонија, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија