Протестот на пазарџиите од Зелен пазар ставен во мирување се до понеделник
Тие по четири дена блокирање на сообраќаот во Центарот на Скопје одлучија протестот да биде ставен во мирување се до понеделник.
На вчерашната средба на пазарџиите со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ тие ја донеле одлуката за мирување.
Во понеделник, во 16 часот тие ќе има средба на која двете страни се надеваат дека ќе дојде до решение за проблемите со паркирањето и дотурот на производите на тезгите.
Пазарџиите се револтирани од зголемената цена на паркингот „АвтоМакедонија“ од 40 на 70 денари од час, бидејќи сметаат дека на тој начин ќе им се намали работата, а од друга страна пак градоначалникот Богданович и од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ велат дека овој паркинг пред се треба да им служи на околните жители на зградите, а не како што велат да се злоупотребува од пазарџиите на различни начини, па дури и со нелегална продажба на алкохол, цигари и друго.
Ново на Сител
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО
-
Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники бараат испитување на лекарска грешка
-
Зеленски предлага прекин на огнот додека не се сретне со Путин
-
Без вода утре неколку улици во Карпош