Осуден градоначалникот на Шуто Оризари, призна вина и заработи опомена
Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска седна на обвинителна клупа за нападот на Демир Исмаил.
Во судницата, градоначалникот Дудуш призна вина и рече дека жали за стореното.
Нападниот Исмаил рече дека и покрај признанието на вина, во друг судски спор ќе бара оштета од Дудуш. Парите најави дека ќе ги донира во хуманитарни цели.
По признанието за сторениот напад, судијата Ѓоко Ристов, му изрече казна "судска опомена" на градоначалникот на Шуто Оризари.
Демир Исмаил кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, го обвини Дудуш, дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал.
Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Ноќеска активни дeсeт пoжaри, 16 сe изгaснaти
-
Трамп: Не смееме да го укинеме договорот за нуклеарни ограничувања
-
Маж од радовишко паднал од трактор и бил прегазен, приведен возачот на тракторот
-
Приведени 12 лица, при претрес на возила пронајдена е дрога
-
Две лица под истрага за грубо насилство во скопско Орешани
-
Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција
-
Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен
-
Во Скопје денеска и утре авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци