Ангеловска: Со „Смарт Македонија“ до побрз економски раст
Како мала земја, посочи, имаме потецијал и флексибилност за аплицирање на нови концепти и стратегиии како на пример „креативна економија“, односно концепт кој се базира на човечката креативност, идеите и интелектуалната сопственост, знаење и технологиите. -Треба да се размислува во оваа насока, бидејќи „креативната економија“ е онаа која креира додадена вредност, нови работни места, која создава можности за инклузија на маргинализирани категории, како жените, рече Ангеловска.
Зборувајќи за потенцијалните влијанија од надворешните фактори за македонската економија, Ангеловска истакна дека Република Македонија, иако мала и отворена економија, благодарение на структурните реформи и диверзификацијата е се поотпорна на шоковите однадвор. Таа посочи дека домашната валута е стабилна, дека нашата е меѓу земјите со најдобра бизнис клима во светот, како и дека последните години има раст на странските директи инвестиции.
Министерката за финасии истакна дека земјата е посветена на евроинтеграциите, особено реформите во делот на владеење на правото, зајакнување на јавната администрација и консолидација на економијата.
На Министерскиот панел, освен Ангеловска, учествуваа и министерот за финансиски политики на Унгарија Габор Гион, министерот за финансии на Романија Флорин Читу и заменик-министерката за финансии на Бугарија Маринела Петрова.
„Еуромани“, поради форматот и големиот број на учесници е еден од најважните настани од економијата и финансиите во регионот на Централна и Источна Европа и претставува одлична можност за средби помеѓу носителите на политиките, како и претставниците на банкарскиот сектор, учесниците на финансиските пазари и инвеститорите
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД