Македонија
3. December 2015 - 8:39

Промоција на книгата „Реформи во одбраната“

Во Дом на Армијата на Република Македонија денеска ќе се одржи промоција на книгата „Реформи во одбраната“, во издание на Министерството за одбрана.

Книгата е резултат на спроведеното истражување „Реформите и одбраната“ – проект кој беше поддржан од Министерството за одбрана и Филозофскиот факултет во Скопје, со цел да ги детерминира идните правци за развој во одбраната.