Израел жестоко ќе одговори на евентуален напад
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска предупреди дека Израел жестоко ќе одговори на секој напад и порача дека стои цврсто со Соединетите Американски Држави, како и дека го поддржува атентатот на иранскиот генерал Касем Сулејмани.
– Кој ќе се обиде да нè нападне, ќе добие најсилен удар, порача Нетанјаху во Ерусалим.
Тој рече дека Израел силно го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека треба да му се честита за донесената брза, смела и одлучна одлука во врска со Иран.
Иран претходно се закани дека ќе ги бомбардира Израел и Дубаи, доколку САД се одмаздат за иранскиот ракетен напад врз две бази со американски војници во Ирак.
– Ги предупредуваме сите сојузници на САД кои дадоа бази на нивната терористичка армија дека секоја територија што служи како почетна точка за агресивни дејствија против Иран ќе биде гаѓана, соопшти Иранската национална гарда.
Ново на Сител
-
Претежно сончево и потопло
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога