Свет
7. January 2020 - 19:14

Погребот на Сулејмани одложен, 40 загинати во стампедо

Погребот на иранскиот генерал Касим Сулејмани, убиен во американски воздушен напад во Ирак, е одложен откако во метеж на погребната поворка во неговиот роден град Керман загинаа најмалку 40 луѓе, пренесе иранската агенција Исна.

Во извештајот не е наведено за кога е одложен погребот. Во метежот настрадале 40, повредени се 190 луѓе.