Муслимански лидер во Германија вели дека веќе нема место за бегалците
Лидерот на германската најголема муслиманска организација вели дека земјата ги испрпува своите лимити за прифат на бегалци и мигранти. Првиот човек на Централниот совет на Муслиманите во Германија (ЦМД) Ајман Мацјек во изјава за гермаснките медиуми вели дека капацитетот на Германија да прими бегалци не е неограничен.
„Морално говорејќи, не може да има горна граница за прием на бегалци поради тоа што нашиот устав вели така и затоа што имаме историска одговорност за тоа, но кога зборуваме за практични аспекти на проблемот се работи за друго прашање. Се чини дека горната граница е веќе достигната“, изјавил Мацјек.
Неговиот коментар доаѓа откако Централниот совет на германските муслимани се спротивстави на лиммитирање на приливот на бегалци во земјата. Во ноември Мацјек го критикуваше германскиот Централен Еврејски Совет кој побара ограничување на приливот на бегалци.
Изјавите на лидерот на германските муслимани ги поздравија и антиисламските и антибегалските политички сили. Партијата Алтернатива за Германија која стана трета политичка сила во земјата веднаш се согласи со Мацјек дека треба да се постават граници за прием на бегалци во земјата.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино